Претседателството на Пензионерскиот синдикат на Македонија едногласно е против прифаќањето на францускиот предлог од страна на Владата. Имајќи ги во предвид сознанијата за истиот, велат оттаму денеска цво соопштение, ние сме против тоа да се наруши македонската историја и македонскиот идентитет, а францускиот предлог, според нив, има токму таква намена.

За нас како синдикат, но и како граѓани на Република Македонија е од особена важност да се зачува идентитетот којшто е граден години и години наназад. Ние имаме само една држава, а тоа е Република Македонија. За нас неприфатливо е да бидеме дел од Европската унија како никаква друга нација, освен како македонска, се вели во соопштението од Синдикатот.

Во оваа прилика тие им порачуваат на сите пензионери, како што наведуваат, самите да одлучуваат за иднината на своите внуци и да не подлегнуваат под никакви притисоци, како и внимателно да ги следат случувањата околу францускиот предлог.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.