Круна на шовинизмот – барањето за 61 пратеник „за да не зависиме веќе од нив“ за да ги исклучиме Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите, Власите и останатите и да ја вратиме етничката супремација од едно време, ете тоа се тие барања коишто даваат работа за јавниот обвинител во однос на членот 137 и тоа што ги извади луѓето на улица вчера за да го кажат својот глас“, вели Бујар Османи.

Бујар Османи со Али Ахмети во Шипковица, 2001 година

Слоганите коишто за жал македонската опозиција ги има во оваа кампања се косат директно со членот 137 од Кривичниот законик. Слоганот „Македонија повторно твоја“ е најшовинистичкиот слоган што можеше да се измисли, бидејќи со тоа сакаат да кажат дека фактот што има премиер Албанец или министер за надворешни Албанец, Македонија била на Албанците и сега треба да ја земеме од нив и да ја вратиме на другите, оцени Османи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.