За неколку дена ќе има предлог за амбасадор на Македонија во Бугарија. Ова во интервју за bTV го соопшти министерот за надворешни работи на Република Македонија.

Од април 2020 година, Скопје нема претставник во Софија.

„Се согласувам со вас дека ни беше грешка што немавме амбасадор во Бугарија сите овие години. Изјавувам дека сè уште немаме дефинитивно име, но во наредните денови ќе дадам предлог за амбасадор на Македонија во Софија“, рече Бујар Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.