Најпрво да се заблагодарам Конрад Аденауер Фондацијата која што е уште еднаш потврдува дека е партнер на ВМРО-ДПМНЕ, на општините каде што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат свои градоначалници, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

За нас претставува исклучителна можност и исклучителна чест што континуирано имаме можност да соработуваме заедно со луѓето кои што се дел од Конрад Аденауер Фондацијата овде во Македонија. Јас им благодарам на Даниел, на Давор на останатите, но и на оние кои што се во пријателска Германија кои што овозможуваат дел од своето искуство каде што таму се дел од своите градоначалници, од различна област, тоа искуство го пренесат и до градоначалниците кои што на минатите локални избори беа избрани од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Овие настани претставуваат одлична можност да видиме до каде сме, да научиме нешто и од тоа што ќе научиме да можеме да го примениме и да го адаптираме на спецификите кои што ги има Македонија и општините во Македонија, вели Мицкоски.

Тој додава дека така што јас ќе ги охрабрам учесниците на овој викенд настан да се фокусираат на тоа што ќе го слушнат од соговорниците кои што ќе бидат вклучени директно и ќе пренесат дел од своите искуства. Но, и да меѓу себе споделат дел од искуствата на овие први 5 – 6 месеци кои што ги затекнаа во општините каде што се градоначалници, бидејќи навистина ситуацијата која што ја затекнаа во општините не беше би рекол идеална, напротив беше многу лоша. Со макотрпни напори, со надчовечки напорит, со макотрпна работа истите тие градоначалници кои што ги гледате овдека во просторијата, успеаја некако да ги стабилизираат општините и да повеќето отпочнат со реализација на проектите кои што се дел од програмата на новите градоначалници кои што ги презентираа за време на кампањата, пред кампањата и кампањата на овие локални избори.

И ценам дека тоа се луѓе кои што треба да ја покажат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и коалицијата кој што е на власт помеѓу СДСМ и ДУИ. Така што уште еднаш сакам да се заблагодарам на Даниел, на луѓето од Конрад Аденауер Фондацијата за можноста и да посакам успешен викенд и нормално што повеќе искуство да бидат корисни и истите тие да ги пренесеме овде во општините во нашата држава, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.