ДУИ преку соопштение повторно реагира за одлуката на Уставниот суд да го замрзне механизмот за еднаквост при вработување „балансери“. Од ДУИ велат дека „ВЛЕН две децении по ред ги затвора очите и дозволува уништување на најважните достигнувања на Албанците“.

„Оценуваме дека оваа одлука директно ги крши клучните одредби од нашиот Устав и ги загрозува темелите на нашето мултиетничко општество изградено со голема тешкотија. Со оваа одлука се нарушува правичната застапеност на Албанците во државните институции, односно нема повеќе работа за Албанците“.

„Затоа, ДУИ апелира за итно преиспитување на оваа одлука, со цел да се заштити интегритетот на уставниот поредок и да се обезбеди принципот на правична и соодветна застапеност да остане ефективен и применлив во пракса.

„Ги уверуваме нашите сограѓани дека ќе останеме будни во заштитата на овој клучен уставен принцип. Само така можеме да обезбедиме безбедна, фер и еднаква иднина за сите граѓани на Република Македонија“, велат од ВЛЕН.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.