Mеѓуресорска работна група, составена од членови на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда и професори од Правниот факултет во Скопје работи на измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците.

Како што потенцираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по работниот состанок со меѓуресорската група, овие измени се неопходни за целосна имплементација и ставање во функција на системот за електронско детектирање на сообраќајни прекршоци, познат како „Безбеден град”.

Нашата визија е следејќи ги европските стандарди, да спроведеме целосна дигитализација на овој процес, така што ќе го исклучиме човечкиот фактор кој би овозможил избегнување на плаќање на казната. Системот автоматски ќе ги детектира, евидентира и процесира прекршоците, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски истакна дека ставањето во функција на овој систем е еден од приоритетите на новата Влада, со единствена цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.