Претседателот на Алијансата на Албанците Арбен Таравари попладнево на Фејсбук најави дека од Собранието на неговата партија ќе побара да влезат во коалиција со здружената Албанска опозиција.

Ова следува откако се појави иницијатива за смена од лидерската позиција во партијата и по средбата на Таравари со премиерот на Косово Албин Курти.

 

Toa значи дека АА на избори ќе учествува заедно со партиите на Меџити, Касами и Гаши.

„Имајќи ги предвид вредните и љубезни предлози на сите пријатели, членови и поддржувачи, избрав и да го слушам гласот на луѓето што денес зборува појасно од кога било. Граѓанинот бара Промена! Народот бара политички систем ослободен од корупциската епидемија, која стана најголема пречка за благосостојбата и развојот на Албанците во Македонија. Како претседател на Алијансата за Албанците, јавно го повикувам партиското Собрание да ме поддржи на ова патување и заедно, да го поздравиме овој процес кој го нарекувам Голема и долго чекана промена!“, пишува Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.