Косово е света земја, не правев пазар за поделба, вели претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Тој ги отфрли како неточни тврдењата на косовската Академија на науките и уметностите во дел од анализата на 39 страници, според која, тој дал поддршка за идејата за поделба на Косово. Ахмети рече дека не станува збор дека учествувал во каков било пазар за Косово. Тврди дека тој не бил за промена на границите.
„Јас го посветив мојот живот за таа независност на Косово и за Косово во тие граници. Нема пазар за светата земја, која ја има крвта на Фазли Грајчевци, крвта на Реџеп Мала, крвта на Феми Лаладровци, на Африм Житија, Фахри Фазли, на Луан Харадинај и на стотици и илјадници војници што ми биле како браќа и со кои сум бил во истите ровови. Таа крв не ми дозволува да се пазарам за ниедна света албанска земја. Затоа, не се лажете, не сум јас од таа зелено – жолта политика, нема за што да сте загрижени“, рече Ахмети.
Се залага за меѓусебно признавање меѓу Србија и Косово.
Ахмети бил согласен за поделба на Косово со косовскиот лидер Хашим Тачи со уверување дека тоа нема да се одрази врз стабилноста, целовитоста на Македонија. Ваков став објави косовската Академија на науките и уметностите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.