Учеството на бројот на вработените во јавниот сектор во вкупниот број на вработени во 2016 година беше 23,2 отсто. Во 2021 година тој процент е 25,2 отсто или нови работни места за 32.000 лица, анализира МКД.мк, користејќи ги официјалните податоци од Државниот завод за статистика.

Во 2016 година бројот на вработени лица во Македонија бил 723.550, од кои во приватниот сектор работеле 555.894 лица, а во јавниот сектор 167.657 лица.

Во 2021 година бројот на вработени бил 795.024, од кои во приватни компании плата земале 594.949 лица, а од буџетот 200.075 лица. Ова е зголемување за цели 32.000 лица.

Сите определби за намалување на државната администрација, за превработеноста, за немањето канцеларии каде сите административци да се пикнат за да имаат работно место, што не секогаш значи и работна задача овие бројки ги фрла во вода.

Целата анализа на МКД.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.