Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, утре, в понеделник, 11 септември ќе ја посети Република Македонија.

Како што соопштија од Службата за соработка со медиумите на српскиот претседател, тој ќе учествува на самитот на Процесот Брдо-Бриони што ќе се одржи во Скопје.

Како што пишуваат медиумите, на покана на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, Зоран Милановиќ од Хрватска и претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, на самитот ќе присуствуваат лидерите од регионот, претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателката на Косово Вјоса Османи Садриу, претседателот на Албанија Бајрам Бегај, членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ и претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.

Гостите ќе имаат неформална вечера што ќе ја приреди претседателот Стево Пендаровски пред почетокот на самитот за лидерите на земјите учеснички.

Процесот Брдо-Бриони за прв пат се одржа во 2013 година, на иницијатива на претседателите на Словенија и Хрватска и е најпрестижната регионална иницијатива која дава политички резултати и го поттикнува политичкиот дијалог меѓу земјите од регионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.