Под мотото „Европски плати и за Вас и за нас“ втор ден од 9 до 11 часот пред велешкиот Основен суд протестираше судската администрација со барање за 78 отсто покачување на минималната плата, како и 35 отсто додатоци на плата поради специфичноста на работните обврски.
Овие барања се во согласност на Законот како што се покачија платите на судиите, така и ние бараме покачување на минималната плата, тоа да биде со покачувањето на животните трошоци, информира за МИА, Круме Тодоров претседател на Независниот синдикат на државна администрација НСДА, подружница Основен суд Велес.
Тој информира дека платата судската администрацијата е 20 до 22 илјади денари.
Како и вчера влезот во Основниот суд беше слободен, но за разлика од вчерашниот ден судењата со закажаните рочишта се одржуваат, а за време на протестот наизменично се менуваа и работеа по еден вработен во граѓанско и кривично одделение и на шалтерот во писарницата.
Платата на стручните соработници не е минимална, но таа беше пред некоја година 80 отсто до палта на судија, па 50 отсто за лани да земаат 30 отсто иако тие се дипломирани правници со положен правосуден испит, потенцира Тодоров.
Здружението на судска администрација при Основен суд Велес и денеска, како и вчера го поддржа протестот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.