Од неодамна Сашо Топаловски е нов началник на СВР Скопје. Тој има над 20 години професионално работно искуство во Министерството за внатрешни работи и има поминато низ сите скалила на институциијата. Работел како советник за Статистички истражувања, претходно како инспектор во Оддел за Недозволена трговија и шверц. Бил и инспектор во Едниница за недозволена трговија со дрога и оружје СВР Скопје, инспектор во Одделение за Недозволена трговија со дрога и оружје СВР Куманово и инспектор во ЕВР Чаир одделение за Имотни деликти. Работел и во шеста управа на МВР и бил генерален советник за Управување со Човечки ресурси како и советник во Единица за Управување со Квалитет. Има повеќе обуки и тренинзи во земјава и странство. Тој е магистрант на Универзитетот Св Кирил и Методиј- Институт за Социјологија и Политика. Со него разговаравме за неколку актуелни теми поврзани со СВР Скопје.
Доаѓаат избори. Вие околу еден месец сте прв човек во СВР Скопје. Каква е вашата оценка за безбедносната состојба во државата?
Топаловски: Помина точно еден месец од моето назначување за Началник на СВР- Скопје, во една техничка позиција каде според закон имаме ограничен период, во функција на овозможување на поволни услови за одржување на фер, демократски и мирен изборен период, во таа насока можам да потврдам дека по сите параметри во Скопје имаме една поволна безбедносната состојба. По многу параметри има мало намалување на кривични правни настани во однос на февруари минатата година, имамаме некаде идентичен број на разбојништва во однос на февруари 2023, февруари 2024. Овој февруари има поголем број на расчистени кривични дела секако со поднесување на кривични пријави по брза постапка, само еден премер само во изминатата недела се расчистија неколку разбојништва на територија на ЕВР Аеродром, ЕВР Карпош ЕВР Чаир, ЕВР Гази Баба, ЕВР Центар како и ЕВР Ѓ Петров, каде до надлежното ОЈО поднесовме Кривични пријави со целокупни докази за неколку сторители и надлежен сидија на предходна постпка пресуди за сторителите притвори.
Каква е состојбата во однос на инциденти од етнички катактер?
Топаловски: Морам да напоменам дека немаме ниту еден настан каде имаме било каков меѓу етнички карактер. Секако сакам да упатам порака до граѓаните на Скопје, Секторот работи со некаде 50 отсто пополнетост, имаме буквано одлив на кадар секој ден, заради неводењето доволна грижа кон полициските службеници, околу висината на нивнте плати, немањето на материјални средатва за работа како и специфичноста на извршувањето на полициските работа. Сите овие состојби ја прават полициската работа неатрактивна. Како Сектор во кој се случуваат околу 7000 кривично-правни настани годишно, а тоа е некаде 50 отсто од настаните во цела Македонија, имаме серизни предизвици во иднина. Како и да е, професионалноста на самите вработени гарантира дека СВР- Скопје и понатаму ќе биде на висина на својата задача во однос на осигурување на безбедноста на граѓаните како и безбедноста на имотите на истите, тука секако пред сѐ мислам на целосна ангажираност на Крим полиција во делот на имотните деликти. Еве да напоменам активно и секојдневно ќе делуваме во борбата со недозволената трговија со дрога и оружје за што Секторот како и во месец февруари така и во месец март продолжува со Акциски планови за сузбивање на овој тип на криминалетет, секако во делот на Интерветната полиција сакам исто да потенцирам дека имаме дупло повеќе лишени лица за кои постоело основи на сомнение дека сториле кривично дело по разни основи во однос на јануари 2024 или пак во однос на февруари 2023. Секако тоа можеби се должи и на пролетното време кое периодов го имаме и секако поголемата фрекфетност на луѓето,
Сакам да потенцирам дека Оперативниот тим од Потраги при СВР Скопје бележи одлични резултати во месец февруари каде имаме лишено од слобода преку 30 лица за вкупна казна затвор од над 30 год, овие лица се брани по централна потерница.
Една од актуелните теми е врсничкото насилство, булингот. Колку полицијата може да делува?
Топаловски: Во делот на Безбедноста на граѓаните сакам да напоменам дека на моја иницијатива веќе неколку пати на состанок со ОБСЕ канцеларијата во СВР Скопје како приоритет сум побарал помош во делот на обука на целни групи ( родители, наставници, педагози, полициски службеници за превенција ) кои ќе бидат во функција на превенција од булинг, врсничко насилство кои постојат. И текако ни треба да научиме да го препознаваме булингот веднаш, да делуваме превентивно за да спречиме било каков развој на врсничкото насилство и и да се обучиме за делување со жртвите на булингот. Може слободно да кажам дека од канцеларија на ОБСЕ при СВР Скопје позитивно одговорија на ова барање и се прават напори заеднички да се изготви план за обука во која ќе се вклучат сите групи од кои зависи решението на овој проблем. Ова е топ тема во овој момент и сметам дека Секторот за внатрешни работи и те како треба да се потруди, секако со сите чинители заедно, во нудење рашенија за овој проблем кое е се поприсутен. Јас сум родител и секако знам, дека за родителите нема ништо позначајно од безбедноста на своите деца.
Што се случува со акцискиот план Безбеден град?
Топаловски: На кратко ќе дадам коментар. Во овој момент не би можел да кажам ништо околу тоа заради тоа што и јас треба да прашувам. За да бидам појасен, ќе кажам дека СВР Скопје од пред неколку месеци не учествува со свои сили во планот на ниеден начин, освен што секако сите полициски службеници се запознаени со одредени постапувања и како такви ако самите проценат може да постапуваат во тој дел. Но сепак мора да се констатира дека секторот брои повеќе од 2000 полициски службеници кои и те како заедно со другите служби би можеле директно да учествуваат во безедноста на градот Скопје. Знаете, малку е чудно повеќе од 200 спремни полициски службеници од ЕИП да не учествуваат во акцијата Безбеден град, директно во мешан состав. Сепак интервентна полиција е формирана за да се грижи за безбедноста на Скопје. Но велам, за причините зошто не е така и кој тоа така го проценил ќе мора да го прашаме директорот на Бирото за јавна безбедност како одговорно лице за цела оператива во БЈБ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.