Синоќа Венко Филипче беше избран за нов лидер на СДСМ. Тој по изборната победа порача дека претстои многу работа.
Сега е време за обнова на СДСМ и многу работа. Нема време за славење. Следи период на реорганизација и реформи, согласно моите програмски ветувања со кои сум сигурен дека СДСМ повторно ќе победува. Ова нема да биде ниту брзо, ниту лесно, но јас знам дека нема друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, освен да направиме вистински темелни промени. Промените ниту можеме да ги лажираме, ниту да бидат половични- истакна Филипче по внатрепартиските избори.
Веќе во првиот работен ден по победата, Филипче веднаш почна со реформи во СДСМ и го објави за рентање штабот на улица Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.