Лоши организација и менаџирање на Поштата, недостиг на дигитализација, мануелна работа, човечки грешки во финансиските извештаи, отсуство на единствен систем на работа и неодговорни работници што не одат на работа.
Овие скандалозни наоди се само дел од проблемите опишани во физибилити студијата за Поштата на Македонија, спроведена во 2021 година, за која државата платила околу 800.000 евра, пишува Порталб.мк.
Поштата со години работи со загуба. Поради тешкотиите, Владата во 2020 година отвори расправа за нејзина приватизација и ангажираше компанија да спроведе физибилити студија за нејзината работа. За оваа студија, поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, беше обвинет и осуден на две години и шест месеци затвор, за злоупотреба на службената положба и овластување, поради тоа што потпишал договор без да ја почитува постапката за јавна набавка.
Физибилити студијата е документ што ја анализира состојбата во оваа институција и е направена во периодот од мај до ноември 2021 година, од компанијата „Интерфајненс“ од Загреб и од компанијата „Интерхолдинг“ од Македонија.
Беше спроведена во периодот кога беше Јани Макрадули директор на Поштата и се однесува на периодот од 2012 до 2020 година. Во овој период, со Поштата раководеа Рафиз Алити, Гоце Боболиноски, Фадис Реџепи, Ејуп Рустеми и Јани Макрадули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.