Водата во Крушево е загадена, да се преврива или воопшто да не се користи, информира градското комунално претпријатие.

Се очекува проблемот да биде надминат до вечерва.

При миење на резервоарите заради неисправен вентил е предизвикано истекување на нечиста вода. Во моментов се работи на санација и затоа ќе има краток прекин на вода на улиците: „Томе Николе“, „Тодор Проески“, „Никола Карев“, „Ќиро Фетак“, „Коча Миленку“, „Партизанска“, „Манчу Матак“ и „Питу Гули“.

ЈП „Комуна“ Крушево се извинува за овие непријатности и апелира на почитување на препораките.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.