Денеска и утре, ВМРО-ДПМНЕ го одржува првиот политички саем во Македонија, под мотото „Саем на промените што носат иднина“, на кој партијата ќе направи отчет за сработеното во првата година од мандатите на градоначалниците кои победија на последните локални избори.

Самиот настан не е класичен отчет туку политички саем каде што ќе се презентира сработеното во секоја општина. Има над стотина учесници на саемот, покрај разговор за сработеното во општините и интеракција со градоначалниците ќе има и повеќе дискусии за актуелни теми како што е локалниот економски развој, енергетиката и локалните самоуправи, дигитализацијата и редица редица други теми.

Ќе има и посебна дискусија на меѓународни организации поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ и реформските процеси. Воедно, саемот покрај на главната бина се одвива и на шест други штандови каде локалните самоуправи ќе бидат поделени на региони во Македонија.

Саемот на промените има за цел да покаже како за само 365 дена е сменет целосно пристапот на општините кон граѓаните, приоритет се луѓето, жителите на населените места кои ги составуваат општините, проекти се реализираат секојдневно,  а општинските администрации се служба на граѓаните.

Нови булевари, улици, училишта, градинки, се дел од работата на градоначалниците.Многу работа, труд и посветеност на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ направија разлика која граѓаните ја препознаваат и станаа репер како треба да се работи за доброто на граѓаните – велат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.