Вечерва со почеток од 18:00 часот, во салата на Кино Милениум, ќе биде одржан Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ. На седницата ќе расправа за избор на нови членови во раководните тела на партијата.
Партискиот лидер Христијан Мицкоски минатата недела најави дека бројот на потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ од двајца ќе се зголеми на четворица, а ќе се прошири и составот на Извршниот комитет.
Изјава за медиуми ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.