Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворање на административна канцеларија за услуги за граѓаните на Аеродром.

На отворањето на канцеларијата, како што најавуваат од владината прес-служба, ќе присуствува и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Канцеларијата се наоѓа во трговскиот центар Бисер во Аеродром.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.