Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук вели дека во земјава се случува НЕ одбележување на европскиот ден и светската недела за рационална употреба на антибиотиците во 2023 година.
„(НЕ)ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИОТ ДЕН И СВЕТСКАТА НЕДЕЛА ЗА РАЦИОНАЛНА УПОТРЕБА НА АНТИБИОТИЦИТЕ ВО 2023 ГОДИНА
➡️Европскиот ден за одбележување на важноста и подигнување на јавната свест за потребата од рационалната употреба на антибиотиците е 18 ноември, а Светската недела на СЗО трае од 18 до 24 ноември 2023.
❗Денес тие не се одбележуваат од надлежното Министерство за здравство, а има и низ на недоследности во здравствениот систем што придонесуваат за нерационална наместо за рационална употреба на антибиотиците:
1️⃣ Лекари издаваат рецепти за антибиотици на пациенти за потреби кои не се медицински оправдани само за да не дојдат во конфликт со пациентите или да дојдат до поголем профит. Со тоа се прави штета и на пациентите и на здравствениот систем, гледано финансиски и здравствено.
За ова е одговорно МЗ, ФЗО и Лекарската комора.
2️⃣Не се почитува рамномерно Законот за лекови според кој антибиотици мора да се издаваат со лекарски рецепт во јавните аптеки, што значи дека антибитици се издаваат без лекарски рецепт во некои аптеки и дека фармацевтите не ја имаат вистинската улога.
За ова е одговорно МЗ, Агенцијата за лекови и Фармацевтската комора.
3️⃣Во болниците не се застапени потребните антибиотици или пак се користат нерационално. Лекувањата на инфекции во болниците се разликуваат од лекувањата кај матични лекари поради недостаток на современи упатства за практивување на медицина базирана на докази. За ова е одговорно МЗ и Лекарската комора.
4️⃣Нема државна евиденција и извештаи за користењето на антибиотиците, а според ФЗО во Македонија се користеле антибиотици над европскиот просек.
За ова е одговорно МЗ и Агенцијата за лекови
5️⃣Позитивната листа на лекови не е ажурирана и не содржи антибиотици од понови генерации.
За ова надлежно е МЗ и ФЗО.
6️⃣Националната Есенцијална листа на лекови не е ажурирана од 2016 година.
За ова е одговорно МЗ и Агенцијата за лекови.
❗️ ❗Ова само повторно покажува со каков кампањски, дневнополитички и несериозен пристап власта ги разрушува сите темели на здравствениот систем, без грижа за здравјето и парите на граѓаните што треба да е ултимативна цел на здравствените власти“, стои во нивниот пост на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.