Во Зајас, изборното место од каде што потекнува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, речиси празна остана кутијата за гласови за претседателските избори.

Информациите од терен велат дека многу малку граѓани се одлучиле да гласаат за идниот шеф на државата, додека спротивното се случи за изборот на пратеници во Собранието. Гласачките кутии на парламентарните избори се речиси полни.

Според ДИК, до 18.30 часот во Општина Кичево за претседател гласале 29,34%, додека за парламентарни 52,89%.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.