Во велешкото основно училиште „Блаже Конески“ денеска беше организиран првиот регионален Саем за наука, на кој учествуваа шестооделенци од Велес, Штип, Облешево, Батинци и Лозово. Учениците имаа можност да видат интересни и брзи научни експерименти, да гледаат на микроскоп и да проследат интересна едукативна драматизација на тема наука.
Наставничката од оваа училиште по преднетите наука и биологија Ружица Петрушевска – Николовска е организатор на Саемот и во претходниот период била дел од дводневна работилница за ефективна настава по природни науки иницирана од општествената организаија „Македонија 2025“.
Петрушевска – Николовска истакна дека целта на Саемот е учениците преку истражувачки активности, експерименти и иновативности подобро и поквалитетно да учат, да се запознаат со знаењата и развивањето на вештини од областа на природни науки.
Извршната директорка на „Македонија 2025„ Никица Мојсоска Блажевски потенцира дека овој Саем е со мотивирачки карактер за учениците да се заинтересираат за науката и да станат идни научници.
На саемот, свое претставување имаа учениците од шесто одделение од „Ванчо Прке“ од Штип со ментор наставник Мартина Трајковска Бојков, од училиштето „Алија Авдовиќ“ од Батинци со ментор наставник Џенан Ризвановиќ, ученици од „Климент Охридски“ од Облешево со ментор наставник Наталија Георгиевска, од „Методи Митевски-Брицо“ од Лозово со ментор наставник Валентина Витева, како и домаќините ООУ „Блаже Конески“ под менторство на наставничката Ружица Петрушевска – Николовска.
Првиот регионален Саем за науки кој е дел од проектот „Науката и јас“, е под поткровителство на општествено одговорната компанија „Џонсон Мети“ а се организира со дозвола на Министерство за образование и наука и Бирото за развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.