Министерството за надворешни работи соопшти дека по добиената информација за осумчлено семејство, македонски државјани, кое се наоѓа во загрозените подрачја на Судан, преку нашата Амбасада во Каиро веднаш стапило во контакт и добило потврда дека сите осумина се во добра здравствена состојба.
– Министерството преку дипломатската мрежа во регионот е во постојана комуникација со колегите од пријателските земји, чии амбасади се сѐ уште активни на територијата на Судан. Информираме дека во тек се активности за да се обезбеди нивна скора евакуација, и трансфер на безбедна локација од каде подоцна би се обезбедил трансфер кон земјава, се наведува во соопштението од МНР.
Воедно, од МНР информираат дека четирите наши државјани кои претходно го напуштија Судан кон Саудиска Арабија се на безбедна локација, во добра здравствена состојба и наскоро ќе бидат вратени во земјава.
Од Министерството при тоа повтормно апелираат доколку има наши државјани кои се наоѓаат на територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Македонија во Каиро (на телефон +201033615542 и е-мејл [email protected], Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби (на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса [email protected], како и МНР на СОС телефонот + 389 75 273 732 и емејл [email protected].
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.