Со месеци пропаѓа дел по дел кејот на Охридското Езеро во Струга, алармира „Алсат“, од каде додаваат дека иако состојбата станува сè поалармантна никој од надлежните не превзема мерки, состојбата да се санира.
Овој дел од кејот кој е пропаднат, не е ниту обележан. Станува збор за прометна локација, а доаѓа туристичката сезона, па одовде фрекфенцијата на луѓе ќе биде голема.
Граѓаните велат еден поголем бран и она што е се уште здраво ќе пропадне.
Тоа е катастрофа, но овде ништо не се знае. Овде нема закон. Во Струга нема закон. Се гради, се руши и тоа е катастрофа. Овде секој ден сум јас по рипчиња. Вака е два месеци. Ќе се шири, посебно ако почнат брановите, и ова сѐ ќе пропадне“…
Повеќе на „Алсат“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.