Од планираните 54 милиони денари наплата за данок на имот во Штип до денеска платени се 52.500.000 денари или 97 проценти. Крајниот рок за наплата заврши пред две недели односно на 15 ноември.

Драган Каров од Одделението за даноци во Општина Штип вели праксата од претходните години покажува дека граѓаните најчесто својата обврска за плаќање на данок на имот ја завршуваат кон крајот на годината, иако имаат можност да плаќаат и на рати. Во вкупната наплата до сега спаѓаат и наплатите од претходните години, а само за 2024 година наплатени се 54 отсто.

Во споредба со претходните неколку години наплатата се движи на исто ниво односно има еден до два проценти зголемување. Во претходниот период пуштени се до граѓаните и опомените и решенијата за присилна наплата и сите оние кои не ги платиле решенијата за 2023, 2022 година ќе се пристапи кон присилна наплата, изјави Каров.

Тој истакна дека за граѓаните и правните лица, кои не го платиле данокот на имот за оваа година до 15 ноември, течат камати. Каров посочува дека се работи и опомените и решенијата за оние кои не го платиле данокот на имот од претходните години. Додава граѓаните навремено да го плаќаат својот данок на имот, за да не се соочуваат со опомени или во краен случај со присилна наплата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.