Државниот музичко балетски училишен центар „Илија Николовски – Луј“ чии простории се наоѓаат во центарот на Скопје, од учебната 2022-2023 година ќе има дисперзирана паралелка за основно музичко образование во општина Сарај.
Паралелката се отвора по барање и на иницијатива на родителите и училиштето, со согласност од Министерството за образование и наука и општина Сарај и истата ќе функционира во склоп на основното општинско училиште „Дитурија“.
Иницијативата е покрената со цел да се излезе во пресрет на младите од оваа општина, кои секоја година покажуваат поголем интерес за вклучување во музичкото образование. Во новата учебна 2022-2023 вкупно 8 ученици се запишаа во државниот музичко балетски училишен центар, но наместо секојдневно да патуваат, а воедно и со цел да се намалат трошоците и грижите на нивните семејства, тие наставата ќе ја следат во својата општина и населено место, соопштија од МОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.