Со почит за загинатите пред спомен обележјето во кругот на прилепската касарна „Мирче Ацев“, вечер во Прилеп почнуваат чествувањата за 23-годишнината од загинувањето на 10 прилепски армиски резервисти кај месноста Карпалак на патот Скопје -Тетово. На 8 август 2001година конвојот на АРМ беше запрен во заседа и загинаа 10-те припадници на резервниот состав: Сашо Киртаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердоцван Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.
Во касарната ќе биде посетена и Спомен-собата на 5- ударна бригада- прилепска каде се фотографиите и спомените за 10-те загинати резервисти.
Во спомен на загинатите, во манастирот „Света Петка“ во прилепското село Лениште ќе се одржи богослужба.
Централното чествување е утре, на 8 август, пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп од 13 часот. Изутрината делегации ќе ја посетат месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово, а ќе бидат посетени и вечните почивалишта на загинатите на прилепските градски гробишта и во населените места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.