Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ги пренесе главните пораки кои беа испратени на синоќешниот митинг во прилеп, каде беше претставена кандидатската за претседател на Македонија, поддржана ов ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Главни пораки од големиот митинг во Прилеп
👉 Пред нас се историски избори за Македонија, избори кои што ќе ја одредат судбината на Македонија во следните 20 до 30 години
👉 ДУИ не се во позиција да уценуваат, а граѓаните со масовната излезност и на 24 април и на 8 мај ќе кажат едно големо НЕ на уцените
👉 Пендаровски да одговори зошто не осуду ниедна криминална афера
👉 Претседател на Македонија се бирало, се бира и ќе се бира од граѓаните на непосредни избори
👉 Во Прилеп, додека Венко Филипче тераше лична промоција и личен ПИ-АР, 608 луѓе го загубија животот, 608 семејства се зацрнија – напиша Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.