Обвинителството на Ислам Абази од Зајаз, кој има тесни врски со ДУИ, треба да го години струшкиот градоначалник од ДУИ во постапките oтворени против него.

Злоупотреба на службена должност и измама за експропријација на земјиште се главните дела за кои се води истрага за градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, потврдуваат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Од обвинителството велат дека во моментов има 6 отворени предмети против Мерко, сите во предистрага. Дури и предметот од 2015 година.

 

За струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој од неодамна е на „црната листа“ на САД во евиденцијата на Јавното обвинителство (ЈО) има вкупно шест активни предмети покренати против него. Согласно евиденцијата на Јавното обвинителство, активни се предметите: КО бр. 107/23 , КО бр. 117/23, КО бр. 121/23, КО бр.208/15, КО бр. 15/22, и РО 55/19.

​Предметот КО бр. 107/23 е заведен по кривична пријава поднесена од повеќе Здруженија на граѓани, за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од КЗ.

-Пријавата е поднесена на 26.04.2023 година, постапува ОЈО Струга и презема дејствија за проверка на наводите, соопшти ЈО.

Предметот КО бр. 117/23  езаведен во ОЈО Струга против него и уште две други лица за кривични дела по член 353 и член 353-в од КЗ, а по кој има испитани лица и редовно се постапува.

Предметот КО бр. 121/23 е примен во ОЈО Струга на 19.05.2023 година и по него се проучува пријавата и предистражната постапка е на почеток.

Предметот КО бр.208/15 отворен е по пријава од УФП за кривично дело по чл.353 ст.1,2. и 5 против него и други три лица.

-Обвинителот што постапува во предметот издал Наредба за вештачење до Бирото за судски вештачења, по доставените наоди во три наврати е побарано дополнување на вештачењето. Предметниот обвинител се уште го чека постапувањето по Наредбата за дополнување издадена во февруари 2020 година, прецизираат од ЈО.

Предметот КО бр. 15/22 е отворен во ОЈОГОКК​ по кривична пријава од група адвокати против три лица, а во врска со ангажмани за адвокатски услуги, предметот е во предистрага и се постапува по него. 6.​

Предметот РО 55/19 е отврен по анонимна кривична пријава за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Измама против него и повеќе други лица, поврзано со експропријација на земјиште во Струга.

-По слични наводи постапувало и ОЈО Струга и ОЈОГОКК, по што двата предмети се споени, обезбеден е судскиот предмет и дел од списите кои се наведуваат во пријавата. Се наоѓа во фаза на предистражна постапка, велат од ЈО.

Меѓу пријавите кои згаснале во обвинителството е и онаа на Антикорупциска за злоупотреба со набавката на службени возила за Општина Струга, меѓу кои и луксузното ауди А6 за градоначалникот.

Од Обвинителството велат дека крајно сериозно ги сфаќаат сознанијата на американскиот Стејт департмент за можното влијание на оваа личност врз постапки. Од тие причини, обвинителството за секој предмет веднаш ќе ја испита законитоста и брзината на дејствијата и можното влијание врз случајот. Сите обвинители за кои ќе се утврди дека постапиле ненавремено, непрофесионално и под влијание ќе бидат кривично гонети и јавноста ќе биде соодветно информирана, велат од Обвинителството.

Во меѓувреме, Судскиот совет следната недела се очекува да формира комисија од 3 члена која ќе изврши увид во Основниот суд Струга за да ги испита наодите на АСД за вмешаноста на Мерко во судските постапки. По проверките, наодите ќе бидат изнесени на седница на Советот, најавуваaт оттаму.

Исто така, додаваат, во текот на изминатите години против лицето се водени и повеќе други постапки по поднесени пријави од различни субјекти и институции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.