Новата 2024 година ќе им донесе уште поголеми плати на вработените во Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ).

Согласно финансискиот план на АЦВ доставен во Собранието, годинава оваа институција ќе потроши уште повеќе пари за плати на вработените. Ако за 2023 година биле планирани 126,7 милиони денари или 2,06 милиони евра, оваа година буџетот или ставката за плати на вработените е уште поголема, анализира „Фактор“.

Така, годинава за плати, АЦВ ќе потроши 150,9 милиони денари вили 2,45 милиони евра.

Ова значи дека бруто платите на вработените во оваа институција значително ќе се зголемат. Бројките говорат дека месечно АЦВ за своите вработени ќе троши 12,6 милиони денари за плати.

Имено, согласно последниот годишен извештај за работата на Агенцијата во неа работат 72 лица, што значи дека секој од нив грубо би имал бруто примања од 174,588 денари.

Сепак, со оглед на фактот дека секаде има систематизација и хиерархија на работните места, очекувано е дека вработените на повисоките места ќе имаат повисоки плати, додека оние кои се на пониски работни позиции ќе имаат помала плата од 174 илјади денари месечно.

Исто така треба да се има предвид дека станува збор за бруто плата, од која се плаќаат придонеси за вработените, што значи приливите на сметките на вработените ќе бидат помали и ќе достигнуваат околу 120 илјади денари месечно.

Агенцијата која надлежна за воздухопловството во земјава, тема која е особено актуелна деновиве по мега скандалот кој настана во М-НАВ, веќе четрии години ја раководи Томислав Тунтев, кој доби и втор мандат како прв човек на оваа значајна институција.

Повеќе на „Фактор



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.