На гласањето за градоначалник на општина Маврово и Ростуше до 15 часот, правото на глас го оствариле 3.423 лица, односно 34,41 роценти од вкупниот број на граѓани запишани во избирачкиот список, информираа од ОИК Маврово Ростуше.

Според претседателката на ОИК, Ивана Ѓорѓиевска изборниот процес се одвива во фер и демократска атмосфера и нема прекини во изборниот процес.

Во оваа општина, право на глас имаат 9.948 граѓани кои гласачкото право го остваруваат на 39 избирачки места. Се избор на градоначалник се гласа во еден круг, бидејќи има двајца кандидати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.