Добар дел од докторските дисертации кај нас се подготвуваат преку интернет и тоа за само една година, наместо минимум за 4. Се наведува во нив литература за која ниту авторот нема појма која е таа, а ја нема ниту потребната законитост, за која треба аргументација од која што пак треба да следува заклучокот. Ова е ставот на професор д-р Љупчо Попоски од Прилеп кој цели 11 години беше претседател на друштвото за наука и уметноста од Прилеп, кое деновиве одбележа 50 години постоење.
„Не може еден вака мал народ да има толку многу ректорати, на ректоратите толку деканати, таа е страшна формација која зема многу пари, ефтино продава докторски, а скапо ќе ја платиме иднината“, вели проф д-р Љупчо Попоски, член на ДНУ Прилеп.
Освен во Прилеп вакво Друштово за наука и уметност има уште само во Битола и МАНУ во Скопје. За жал во другите градови овие Друштва згаснале.
„Треба да имаме повеќе вакви организации, здруженија, друштва. Јас често пати велам дека Друштвото за наука и уметност во Прилеп е светилиште за науката и уметноста. Место каде што треба да се собира академската заедница. Една држава и силна доколку е силно образованието и науката“, додаде д-р Силвана Пашоска, претседател на ДНУ Прилеп.
Ова Друштво опстојува благодарение на ентузијазмот на членовите и поддршката на локалната самоуправа сите воие години. По повод 5 децениското постоење за прв пат се изваде Меморијална книга како и Јубилејно списание на трудови.
„Во Јубилејното издание се презентирани 23 труда од преку 30 автори од различни области. Кои што се доволен доказ дека тука во Прилеп во ова Друштво е всушност расадникот за изворни научни трудови кои што располагаат со сопствени истражувања“, истакна проф. д-р Јованка Тутеска, член на ДНУ Прилеп.
Друштвото брои 170 членови, придружни, почесни, редовни и нови членови, што е од особена важност затоа што е доказ дека друштвото се зголемува. Само годинава има 14 нови членови.
Извор: СИТЕЛ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.