Молитви за мир во Украина се одржаа денеска во храмовите на трите најголеми верски заедници. По свечената литургија, Македонската православна црква во сите цркви низ земјава одржа молитва за мир не само во Украина, туку и во целиот свет.

Миса за мир во Украина и прекин на сите војни во светот се одржа и во Католичката црква.

На иницијативата се приклучи и Исламската верска заедница, која една од петте молитви во џамиите ја посвети за мир во Украина.

Иницијативата прифатена од трите најголеми верски заедници во земјава е предлог од Здружението на украинци во Македонија. Во земјава има над 500 украински бегалци, чии домови се уништени, а тука се сместени кај свои роднини или пријатели.

Украинската амбасадорка се заблагодари за целата помош што ја добиваат, како од државата, така и од компаниите и граѓаните од Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.