„Потребна е строга селекција на луѓето кои треба да поседуваат некакво оружје. Своевиден поттик е и глорифицирањето на овие личности, 45.000 поддржувачи го поддржале сторителот на ова дело. Медиумите треба да ги редуцираат овие настани“, рече во емисијата „Да си кажеме“, психологот и криминолог Крсте Маљановски, кометирајќи го случајот со масовното убиство во Белград, кога малолетник уби 10 свои соученици.

Според него потребно е доколку родителите не се способни, а не се способни да приметат некое абнормално однесување кај своите деца, градинките и училиштата да сигнализираат и тоа треба системски да функционира.

На прашањето дека во Македонија има голем број училишта каде воопшто нема психолози и педагози, а таму каде ги има најчесто се користат за заплашување на децата, најчесто им се вели: „Биди мирен ќе те пратам кај педагогот“.

Сепак, Маљановски, смета дека ако немало оружје дома немало ова да се случи, бидејќи вели не би можело детето да украде оружје, а луѓето кои работат во овој ситем треба да бидат добро обучени, да имаат темелни познавања во оваа област.

Едно од фундаменталните прашања е што со овие деца. Ние немаме установа за разлика од Србија, каде има една установа каде би можела после сите испитувања може да се смести ова дете, кое најверојатно ќе биде одстрането од фамилијата и со него да работата стручни лица. Затоа е што е опасно надвор да излезе. Јавноста нема да има детали затоа што судењата ќе бидат затворени и строго контролирани информации ќе бидат давани. Во Македонија нема институции, двете згаснаа, Домот за деца со воспитно – социјални проблеми „25. Мај“ веќе го нема, „Ранка Милановиќ“ исто така. Затворот за малолетници во Телото е за деца над 14 години. А ние имаме сторители под 14 години, објаснува Крсте Маљановски, психологот и криминолог.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.