Министерството за здравство соопшти дека од страна на ПЗУ „Синлаб“ до Институтот за јавно здравје е доставена информација за детектиран еден случај на флурон (комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот) кај 26 годишен пациент од општина Зајас.

Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција Ковид19/Инфлуенца А, непосредно пред 31.12.2021 година се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за Ковид 19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во Македонија, соопшти МЗ.

Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.