Во Кавадарци до девет часот гласале пет проценти од гласачите, информираше претседателката на ОИК, Емилија Петровска.

Таа претходно соопшти дека навремено беа отворени гласачките места на кои се гласа за претседател на државата.

– Малку проблеми имаше со апаратите за читање отпечаток од прст. Но со помош на ИТ лицата, се е ставено во ред, нагласи Петровска за МИА, на стартот од гласањето.

Петровска потсети дека за вчерашниот ден, за гласање беа пријавени  110 болни и немоќни лица во домашни услови и 14 штитеници во Дом за вонсемејна грижа ,,Др.Јанески” во кавадаречкото село Чемерско.

– Согласно на законот, тие лица гласаа вчера, ден пред изборите за претседател на државата денеска. Во избирачкиот список за општина  Кавадарци се евидентирани вкупно 31.868 гласачи, соопшти Петровска.

Таа појасни дека немаа пријавено лица од оваа општина што издржуваат казна затвор, а кои исто така можеа да гласаат во текот на вчерашниот ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.