Иако годишните одмори се во тек на дел од вработените во Здравствениот дом – Скопје уште не им се врачени решенија за користење годишен одмор – право што е предвидено со закон, објави на Фејсбук, Комисијата за здравство на ВМРО – ДПМНЕ.
❗️Неспособноста на директорот Виктор Исјановски и организацискиот директор Вулнет Селими повторно се покажува на дело ако се земе во предвид дека овие вработени се останати и без здравствено осигурување и се принудени приватно да ги плаќаат неопходните здравствени услуги, иако беа херои за време на пандемијата.
❗️ Сето ова дополнително ги демотивира и иритира вработените и ваквата негрижа за човечкиот фактор и секојдневниот мобинг на кој се изложени вработените се причина за заминување на стручниот, искусен кадар од специјалистичко- консултативна служба.
👉На потег се службите на трудовиот инспекторат и ДСЗИ да излезат на терен., велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.