Во време на новогодишните празници, во духот на солидарноста и меѓусебното помагање како врвни социјалдемократски вредности, општинските организации на СДСМ организираат низ хуманитарни настани, соопштија од партијата.
ОО Кисела Вода и ОО Куманово донираа новогодишни пакетчиња – за децата од малите групни домови при ЈУ Детски дом 11 Октомври, односно за деца од социјално загрозени семејства и децата на одделот за онкологија на Детска Клиника.
Преку хуманитарни настани во општинските организации во Гази Баба, Аеродром, Крива Паланка, Свети Николе беа собрани и донирани средства на социјално ранливи семејства од овие општини, наши сограѓани.
Дополнително општинската организација Аеродром од собраните средства обезбеди и 50 пакетчиња за децата со посебни потреби од Здружението ,,Ластовица” во оваа општина.
Хуманитарните акции продолжуваат и следната недела. ОО Карпош, Ѓорче Петров, Велес, се дел од десетината општински организации кои ќе организираат хуманитарни настани за помош на граѓаните, за социјално ранливите, пакетичња за дечињата и помош за оние кои им е најнеопходна.
СДСМ и преку системски решенија но и преку вакви хуманитарни акции постојано се грижи за граѓаните особено за оние кои имаат најмногу потреба од помош.
Во време на светска економска криза не оставаме никого сам да се справува со последиците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.