Во Берово денеска гласаат 10.421 избирачи со право на глас. Како што информираа од Општинската изборна комисија, во Берово своето право го до 09:00 часот го оствариле 895 гласачи.
Во оваа општина вчера своето право на глас од 258 болни и изнемоштени лица во домашни услови гласале 249 лица.
Во рамки на гласањето се гласаше и во Домот за стари лица каде од 28 лица кои престојуваат во установата, а се од повеќе градови, гласале вкупно 24 лица, а 4 ливчиња биле неупотребени, информираа од ОИК Берово.
Во Берово се гласа на вкупно 16 избирачки места, а избирачките места биле отворени навреме. Гласањето како што додадоа од ОИК се одвива без проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.