Од 1.814.317 граѓани на избирачкиот список, до 13 часот, своето право го оствариле околу 438.063 гласачи (обработени 97 отсто од избирачките места). Според ДИК излензоста е 24,82. Тоа е 4,5 отсто повеќе отколку на првиот круг од минатите претседателски избори кои се одржаа на 21 април 2019 година. Тогаш ДИК објави дека до 13 часот дека излезноста на гласачките места е 20,45% од вкупниот број запишани избирачи.

Статистиката покажува дека на претседателски избори кои се одржаа на 13 април 2014 година, до 13 часот правото на глас го искористиле 25,79 од граѓаните на Македонија со право на глас или 415.670 гласачи.

Според пресекот на ДИК до годинава 13 часот најголема излезност има во Општина Новаци каде своето право на глас го искористиле 42,87 отсто од гласачите. Над 34 отсто гласале во следните општини:

Новаци 42,87%
Крива Паланка 42,08%
Пробиштип 36,77%
Крушево 36,66%
Карпош 34,77%
Демир Капија 34,32%



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.