Дел од членовите на Собранието на партијата Алијанса за Албанците во текот на вчерашниот ден добиле порака за средба во градот Куманово, а потоа и за средба со Арбен Таравари.

Од партијата известуваат дека никој не треба да подлегне на дезинформации дека се одржува партиско собрание, туку се работи за собир и состанок.

Партиското собрание, согласно статутот на партијата, е закажано за во сабота во Буши ресорт во 13:00 часот, велат од Алијансата.

Во сабота, партијата треба да донесе одлука дали ќе настапи самостојно на парламентарните избори, за што се залага Села, или пак, ќе биде дел од коалицијата на албанскиот политички блок, составен од Демократското движење на Изет Меџити, Беса на Билал Касами и Алтернатива на Африм Гаши, како што се залага Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.