ВМРО-Народна партија ја поздравува денешната одлука на македонското Собрание и можеме слободно да кажеме дека сме на чекор од исполнување на вековниот сон, а тоа е целосна интеграција на Македонија во ЕУ.

Денешната одлука е параф на нашата заложба за европската иднина на Македонија која низ години, децении, векови мораше да минува низ трнлив пат во кој беше вложен огромен труд, дадена огромна жртва но со исполнувањето на нашите демократски вредности, реформите но и чувањето на цврстиот македонски идентитет денеска сигурно и достоинствено зачекоруваме кон интегративниот процес во Европското семејство – Европската унија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.