Кривична одговорност за сите надлежни во власта кои дозволиле поликлиника да врши операции без лиценца, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Со привидното тргање на Ирина Бухова од чело на ДСЗИ, не се завршува случајот со поликлиниката Промедика, која вршела операции без дозвола. Одговорност мора да има за сите надлежни.

Не само заминување од функција, туку и кривична одговорност за Бухова и за Филипче, кој како министер за здравство дозволил незаконие.

Додека народот ги плаќал Бухова и Филипче да се грижат за здравството, тие премолчувале работење без лиценца.

Со СДСМ во здравството, граѓаните не се сигурни за своето здравје, дури и откако ќе посетат здравствена установа. Одговорност мора да има, за никогаш да не се повтори здравството да биде водено од интереси на тесна клика луѓе, се вели во соопштението на партијата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.