Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата нема да го прифати законското решение поднесено од СДСМ бидејќи е несериозно и не решава ниту еден проблем, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска.
Напишано брзоплето, без никаков аргумент и економска логика што впрочем можеше да се види и од излагањето на колешката Тренчевска. Истите оние што ја разурнаа македонската економија и што животниот стандард на граѓаните го донесоа на дното сега со лажна грижа нудат решенија што не можат да го подобрат животот на луѓето. Нов ден – ново економско промашување од партијата на богаташит од Дубаи. Најверојатно на пауза во хотелот Хилтон во Дубаи ја добиле идејата за да поднесат законско решение кое што и самите 4 пати го отфрлија во минатиот мандат. Само за потсетување, тогаш го покачија ДДВ-то на над 2.000 прехрамбени производи. Доколку СДСМ сака навистина да им помогнат на граѓаните единствено што во моментот треба да направат е да гласаат за Буџетот за 2025-та година. За повисоки плати на сите работници, за 5.000 денари повисоки пензии за сите пензионери, за реализација на 4 нови автопати, за повисок студентски оброк, за реконструкција на студентски домови, за Ваучер од 250 евра за секој студент, за рекордно висока сума на капиталните инвестиции – истакна Бојковска.
Имаме конкретен план кој дава резултати, додава Бојковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.