За сите постапувања на судот и обвинителството одговори треба да се побараат во судството и владата на Ковачевски и неговите сопартијци кои градеа кариери на овој случај како и од Ахмети и ДУИ кои се активни партиципиенти во истата влада и ја споделуваат одговорноста за корумпираното судство, велат од ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопштение по одлуката за ослободување на Мијалков.

Едно е сигурно и очигледно во Македонија, а тоа е дека клиентелизмот, корумпираното судство и обвинителство преполно со кадрите на ДУИ и СДС, за што можевме да се увериме и во претходниот период со последните кадровски решенија во ОЈО, Судскиот совет и Академијата за судии и обвинители, каде од партиски штабови седнуваат во професионални институции, говори за тоа дека правосудниот систем во државата е клекнат на колена.

Во Македонија нема случај каде е победила правдата до крај, а вистината е дека правосудниот апарат се користи за политичка пресметка и заштита на политички интереси на власта.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.