Во Брисел имаше фотосесија, за вистински старт треба промена на Уставот и обезличување кое го прифати Ковачевски, а ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи, велат од опозициската партијата.

-Нема почеток на преговори додека не се смени Уставот и спроведе бугаризација. Ковачевски ја стави Македонија во подредена положба и го услови почетокот на преговорите со промена на Уставот. Заради Ковачевски трајно се нарушени преговарачките позиции на Македонија. Предавникот Ковачевски, од позиција на премиер ја стави Македонија во потчинета положба во однос на Бугарија. И проблемот кој Бугарија го имаше со нас, го направи проблем кој ЕУ го има со нас, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека нема да дозволат да се реализира, како што истакнуваат, планот за бугаризација на Ковачевски.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи и нема да дозволи промена на Устав. Македонија може подобро и Македонија заслужува подобро. А, предавникот Ковачевски ќе одговара за сите предавства, стои во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.