Власта сака со притисоци и заплашување врз пратениците да изнуди поддршка за предавствата, ВМРО-ДПМНЕ не се плаши и нема да им помине, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека случајот со палењето на автомобилот на пратеникот Петар Ристески од Прилеп е класичен обид за заплашување на пратениците.

СДСМ владее со криминални методи, кои одамна се прочитани. Никој повеќе не им се плаши, а најмалку ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржат Уставни измени без разлика колку и СДСМ и нивните бандити да притискаат. МВР наместо да се занимава со казнување на народот кој протестираше против нивните предавства, нека ги пронајде и санкционира организаторите на палењето на автомобилот на пратеникот Ристески. Или не смеат да го пронајдат?, прашуваат од партијата.

Власта треба да знае дека предавствата нема да им поминат. ВМРО-ДПМНЕ е гарант за македонските национални интереси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.