Резултатите од денешната анкета на Националниот демократски институт покажа дека веќе не е прашање кој ќе победи на следните парламентарни избори туку колкава ќе биде разликата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ има сигурна предност од 21, 5 процент која до изборите следната година ќе се зголемува. СДСМ има поддршка од 13,9 од граѓаните. Кај партиите на Албанците ДУИ и натаму е прв со 6,2 посто, а опозициската БЕСА има поддршка од 3.6. Изненадувачки висока поддршка која ја добива градоначаллникот на Куманово Максим Димитриевски кој и без формирана партија е трет со 1,7 посто.

Висок е бројот на граѓаните кои не знаат но и на оние кои не сакаат да одговорат кому ќе ја дадат поддршка. Искуството вели дека оние 8-5 отсто кои одбиваат да се изјаснат се претежно опозициски гласови кои од страв не се изјаснуваат во анкетите.

Висока  е бројката и на оние кои сметаат дека земјата се движи во погрешна насока (56 отсто) наспроти оние што сметаат дека се движиме во вистински правец.

ВМРО-ДПМНЕ има раст на поддршката ако се спореди со анкетата на НДИ од март оваа година. Тогаш 17 проценти од граѓаните ја подрржаа опозицијата а само 12 СДСМ. Пад на довербата има и кај ДУИ.

К



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.