Во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“, партиски функционери и активисти од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објавија пораки што според нив е важно за државата, нејзиното функционирање и граѓаните.
Денеска портпаролот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева изјави дека важно е децата да растат во здраво и функционално општество.
Важно е децата да растат во здраво и функционално општество, рече Митева.
Светислав Васев посочи дека според него важно е да има лојална конкуренција регулиран пазар.
Важно е да има лојална конкуренција и регулиран пазар, истакна Васев.
Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов нагласи дека за него важно е да има зголемување на стипендиите за студентите.
Важно е да имаме зголемување на стипендиите, додаде Попов.
Цветан Трипуновски, претседател на републичката комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека според него важно е Македонија да ја хранат македонските земјоделци.
Важно е Македонија да ја хранат македонските земјоделци, изјави Трипуновски.
Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека за него важно е да постои систем на вистинско вреднување на квалитетот.
Важно е да постои систем на вистинско вреднување на квалитетот, порача Томовски.
Додека пак, пратеникот во македонското собрание Бојан Стојановски истакна дека според него важно е да се вложува во малите и средни бизнис.
Важно е да вложуваме во малите и средините бизниси а тебе што ти е важно, праша пратеникот Бојан Стојаноски.
Ги повикуваме граѓаните да се приклучат на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ бидејќи важно е да се обединиме и заедно да изградиме подобра иднина за сите граѓани, порачуваат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.