Ако утре се одржат предвремени парламентарни избори, мноизнството ќе се предели за ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат резултатите на телефонската анкета што ја проведе Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС).

Од 1124 испитаници кои учествувале во истражувањето во периодот помеѓу 17 и 19 јануари 2022, 22,5 проценти својот глас би ѝ го довериле на опозициската партија. За партијата на власт би гласале 17,9%, а Левица ужива 2,9% од довербата на гласачите.

Во албанскиот блок, Алијанса за Албанците го загрозува тронот на ДУИ.

На анкетата 18,3% не знаеле или не сакале да одговорат за кого ќе гласаат, а висок е и процентот на оние кои не сакаат да излезат на избори. Неопределени се 11,2% од анкетираните.

Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.

Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите и перцепции за нова Влада. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.