ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваат попладневната дружба на министрите од ДУИ во Министеството за политички систем, на која играат фудбал и баскет во канцелариите на Груби.

Колку повеќе Артан и дружината си играат фудбал, толку повеќе Македонија е сиромашна.

Ова ДУИ на Артан Груби и крими дружината преставува навреда на интелигенцијата на Албанците и Македонците.

Сега знаеме што прават кога не крадат, си играат фудбал, додека Македонците и Албанците, и сите останати се сѐ посиромашни

Колку повеќе шутеви на оваа крими дружина, толку повеќе загинати на уличниот асфалт, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.